Секое дете посакува снежна бура со надеж дека училиштата ќе бидат затворени со цел да може да ужива во снегот. Но, она што многу деца не го разбираат е тоа што и учителите го посакуваат истото! Токму на време, кога историската снежна бура треба да го зафати источното крајбрежје на Америка, една наставничка во трето одделение од Тенеси, Мери Морис, ја направи оваа смешна пародија на хит синглот на Адел – „Hello“ во која ќе уживаат сите ученици, како и наставници.