Може да ја сакате вашата работа. Може дури и да ја обожавате вашата работа. Но, сигурни сме дека не чувствувате толкава страст за вашата работа како оваа клавијатуристка која свири како да и зависи животот од тоа. Некои дури и ја нарекуваат „опседнатата“ клавијатуристка, бидејќи таа на моменти навистина изгледа како да влегол некој демон во неа., но тоа е само поради фактот што таа дозволува комплетно да ја понесе музиката и да ја почувствува секоја нота со целото свое битие.
Погледнете го ова видео, насмејте се, уживајте и обидете се да ја нападнете саботата со барем половина од нејзиниот ентузијазам за музиката.