Хејли О’Брајан била пресреќна кога дознала дека ќе биде старосватица на свадбата на нејзината помала сестра. Но, кога стигнала на ред да ја направи својата здравица и да ѝ честита на новата брачна двојка, таа наместо да направи обичен говор започнала да ја рапува својата честитка на песната „Ice Ice Baby“. Погледнете како Хејли ја изведува најкреативната здравица досега!