Со оглед на тоа што постојат илјадници апликации за уредување на вашите фотографии, многу е лесно да го промените вашиот лик или тело без притоа да треба да знаете како да ракувате со Фотошоп. Комбинирањето на овие апликации со социјалните медиуми ви овозможува неверојатна способност да ги контролирате вашите животи и тела, како што сакате со цел да се претставите во „совршеното“ светло.
Британската влогерка Амелија Г. сакала да покаже колку е лесно да се промени сликата за нашето тело на социјалните мрежи, па затоа и го направила ова одлично видео каде што можете да видите како таа за само неколку минути целосно ја преработува нејзината фотографија во бикини. Користејќи ја апликацијата FaceTune, таа го разоткрива „совршеноството“ кое владее на Инстаграм, покажувајќи ни дека ниту една фотографија не е таква како што изгледа.