Ах детство… На сите ни се навраќаат спомени од крадењето овошје, играњето со топка, истражувањето на улицата и местото во кое сме живееле. Спомени од разните начини на забава, надвор во вистинскиот свет каде што има и опасности. Сите се сеќаваме на изгребаните колена, на моментите кога сме учеле да возиме велосипед и ролери и уште многу други детски лудории. Денешните генерации никогаш нема да го имаат она што го имавме ние – вистинско детство. Ова видео е вистински доказ за тоа.