Британското шоу за таленти дефинитивно не престанува да нè изненадува. Оваа година, на сцената се појави Марк Метрал, кој дошол од Париз. Неговата жена му рекла дека тој е луд затоа што планира да оди на шоуто, но тој верувал во себе и се надевал дека ќе може да го привлече вниманието на публиката и судиите.
Марк по неговото пристигнување на сцената, веднаш ја кани и Венди, слатко куче кое тој го има веќе 6 години. И покрај тоа што на почетокот изгледа како никој да не очекува нешто спектакуларно, овој талентиран човек успеа да ги натера сите во салата да станат на нозе, вклучувајќи ги и судиите. Талентот нема граници, се согласувате?