Благодарение на сестрите во градинката за мачиња „Хумано општество“ во Сан Диего, кои носеле GoPro камери на себе, можеме да дознаеме како изгледа еден работен ден во градинката за мачиња која е отворена 24 часа. Градинката годишно згрижува илјадници напуштени и улични мачиња. Овој тип грижа постои само во овој центар, а пред ваквата програма да биде воспоставена во 2008-та година, мачињата морале да бидат успиени поради недостаток на ресурсите потребни за нивна грижа и заштита.