За многумина среќата значи различни нешта, но откако ќе го погледнете видеото, сигурни сме дека и вие ќе посакате да се опкружите со мали слатки крзнени животни.
Стефани Арни ја посетила програмата на непрофитната организација Nurture by Nature, која има за цел да им понуди душевен мир на луѓето овозможувајќи им контакт со прекрасни живи суштества.
Животните имаат моќ да ни го подигнуваат расположението, но замислете колку задоволство и среќа може да се почувствува при една ваква водена авантура!