Ништо не предизвикува повеќе стрес и вознемиреност од силен плач на бебе. Понекогаш можеби и ви се чини дека сте пробале сѐ што е во ваша моќ, но едноставно како ништо да не може да го смири. Бебето само плаче и плаче и плаче.
За среќа на овој татко, тој нашол сигурен начин да го смири својот син. Се прашувате со колку песни се обидел претходно? Подобро да ја прескокнеме таа бројка. Но, сега кога ја нашол вистинската песна гледаме дека откритието е бесценето. Малиот се смирува во истиот момент кога ќе го слушне Маршот на Империјата од Џон Вилијамс. Погледнете.