Станува збор за едно од оние моќни видеа кои ќе ве допрат до срцето и ќе ве натераат целосно да ја смените перспективата. Приказната се врти околу прекрасната Оливија Вајлд, која го живее својот живот во целост. Таа е среќна, опкружена со луѓе кои ја сакаат, и се обидува да ги оствари своите соништа, дури и оние невозможните. Но, како што поминува времето, така сфаќаме и дека сосема друга личност ни ја раскажува оваа приказна, личност со Даунов синдром. Па, како ја гледате вие неа?