Ова бебе се вика Сет. Тој е тримесечниот син на Нејтан Дајло од Сиднеј, татко кој очигледно успева да се наспие за разлика од сите други родители со деца на оваа возраст. Тој го ставил ова видео на Јутјуб со цел да им покаже на сите родители во светот како можат лесно да го заспијат детето за многу кратко време. За да го повторите неговиот успех, потребно е само да поминете неколку пати по лицето на бебето од горе надолу со хартиено шамиче. Користејќи ја оваа техника, на Нејтан му требаат само четириесетина секунди за да го прати Сет во светот на детските сништа.