Станува збор за приказна во која еден човек, откако загинува во сообраќајка, има можност да ги добие одговорите на сите прашања поврзани со неговиот живот. Тој решава да дознае сè за себе и нештата што му се случиле, како на пример, кој му го украл велосипедот, каде исчезнало неговото куче и која била совршената жена за него. Информациите кои ги открива се интересни, тој решава една мистерија по друга, но набрзо дознава и за грешките кои ги направил, особено во љубовта… Одговорите на неговите прашања без сомнение ќе ве замислат и вас, особено за начинот на кој го живеете вашиот живот.