Кога Хауард одел на бојното поле за време на Втората светска војна, неговата сопруга, Лаура, му ја пеела песната „You’ll never know“ од Роузмари Клуни и Хери Џејмс. 70 години подоцна, тој се опростува од својата љубена со истата песна во емотивно видео кое го снимила нивната внука Ерин Солари.
92-годишната Лаура која е тешко болна, моментално се наоѓа во болница, а нејзиното семејство полека се опростува од неа. Токму затоа и 93-годишниот Хауард решил да го направи тоа преку песната која има огромно значење за нив. Ве предупредуваме, видеото со сигурност ќе повика солзи во вашите очи.