Доколку користите Инстаграм, сигурно сте налетале на оние Инстаграм ѕвезди кои секогаш имаат совршени фотографии со 1.000 лајкови. Веројатно си мислите дека нивниот живот е многу возбудлив, бидејќи постојано се во движење, се облекуваат модерно, јадат во прекрасни ресторани и патуваат на егзотични места. Освен тоа, тие редовно вежбаат и се хранат здраво за што сведочат многубројните фотографии од зелени смудиња. Сепак, нештата не се секогаш такви какви што изгледаат.
Овие неколку обични момци решиле да влезат во кожата на Инстаграм моделите и да научат да позираат како нив. На почетокот тие се чувствуваат непријатно и не знаат како да се однесуваат, но крајните фотографии и реакции се неверојатни! Погледнете го следново видео за и вие да научите да позирате како Инстаграм ѕвезди…