Кадифените мечиња отсекогаш биле омилена играчка за гушкање и придружба за спиење на малите дечиња, а сигурно барем некое дете за Нова година си има замислено да види елка направена токму од нив. Елката на фотографијата се наоѓа во Сингапур и е направена од 5.000 кадифени мечиња. Плус е тотално безбедна, бидејќи и да падне врз некого, нема да го повреди. Слатко нели!?