Без оглед на тоа дали ја сакате Мараја Кери или не, мора да признаете дека таа има неколку навистина прекрасни новогодишни песни. Токму нејзината музика го инспирирала Џонатан, убер возач кој се обидел да им го пренесе празничниот дух на патниците. Тој ставил новогодишна капа, облекол божиќен џемпер и набавил различни реквизити и инструменти кои само ја надополниле позитивната атмосфера во автомобилот. Патниците со задоволство го пееле секој збор од познатата песна на Мараја Кери „All I Want For Christmas Is You“. Погледнете го ова весело видео кое несомнено ќе ве натера да го почувствувате духот на празниците…