Од Пиксар го објавија нивниот прв краток анимиран филм од програмата SparkShorts, а главната улога е клопче волница. Филмот од 8 минути ја раскажува приказната на Пурл на нејзиното ново работно место во кое доминираат мажите, поради што таа се соочува со полова нееднаквост. Клопчето Пурл се обидува да се вклопи во машката средина и треба да се запраша колку далеку би одела за да биде прифатена и на крај, дали сето тоа воопшто вреди. Режисерката Кристен Лестер изјавила дека го направила филмот според нејзиното искуство со работење во анимацијата. Оваа програма на Пиксар е нешто ново и ги нагласува нивните нови артисти. Ова е можност да се покаже потенцијалот на индивидуалните артисти и нивниот начин на правење филм.