Рубиковата коцка е загатка која потекнува уште од пред повеќе од 40 години и од тогаш на многумина им претставува предизвик за решавање. Некои личности се запишале во Гинисовата книга на рекорди со тоа што успеале да го направат ова за само неколку секунди, а сега новиот светски рекорд го достигнува Метс Валк. Вие поминувате повеќе време читајќи го овој текст отколку што му е потребно на Метс за да ја реши рубиковата коцка. Неверојатно брзо, за само 4,74 секунди!