Една од најстарите аркадни игри во светот доби сосема нова димензија благодарение на финска компанија. Сигурно знаете дека играта подразбира контрола на рекетот кој се движи вертикално на левата страна од екранот и целта е да се удира топчето со рекетите за да се освојат повеќе поени од противникот. Замислете го сето тоа на огромен ѕид за спортско качување со светлосни ефекти и технологија што ги следи движењата на телото. Добрите вести се што системот може да биде прилагоден на кое било ниво и возраст. Погледнете како изгледа оваа интерактивна игра од иднината во следново видео…