Сите се сеќаваме на првиот училишен ден. Некои од нас биле возбудени за новите почетоци, некои вознемирени поради претстојните предизвици, други пресреќни што повторно ќе се видат со другарчињата, а трети, пак, тажни што завршил летниот распуст и сега учењето повторно ќе треба да им стане главна преокупација. Без оглед на тоа какви биле нашите емоции, никој не можел да остане рамнодушен.
Но, ова детенце едноставно е премногу возбудено за тоа што ќе тргне во 4-то одделение. Неговото гласче трепери, зборува брзо, а речениците понекогаш му се бесмислени. Тоа е сосема разбирливо, затоа што не е мала работа да се стигне до 4-то одделение! По него следуваат 5-то одделение, 6-то, па факултет, или можеби средно училиште, којзнае?!
Погледнете го ова неодоливо детенце кое несомнено ќе ве врати назад во детството.