Правиме толку различни нешта во животот што забораваме да помислиме колку се тие прекрасни, особено оние најмалите. На пример дишењето. Во просек, во мирна состојба човекот диши помеѓу 12 и 20 пати во минута. Математиката е едноставна – тоа се барем 20.000 вдишувања на ден или 7,3 милиони годишно.
И замислете, секое од тие вдишувања е уникатна. Помислете на бебе кое првпат го вдишува светот околу себе, или на студент кој зева после напорно учење цел ден, или нечија длабока воздишка во момент на голема болка и тага. Толку различни звуци, различни состојби, различни причини да се земе воздух.
Даниел и Катина Макаданте се филмско дуо од Калифорнија, кои го разбираат ова подобро од сите. Држејќи се до својата цел, „правење филмови кои го слават животот“, тие создале неверојатна ода за секој здив што човекот го зема во текот на животот.
Ќе ви се допадне секој момент, секоја сцена, секоја воздишка…