Не е никаква новост тоа што папагалите имитираат звуци, учат да свиркаат мелодии, повторуваат зборови и пеат песни. Меѓутоа, обично станува збор за некои полесни песнички, а не за хитови со неверојатен вокал што дури ни најталентираните музичари не можат да го изимитираат. Сепак, овој храбар папагал решил да ги покаже неговите музички способности преку песната „Chandelier“ од Сиа. Папагалчето успева да ги „фати“ дури и највисоките тонови! Којзнае колку пати му ја пуштале песната штом вака добро ја научил!?
За да се уверите во тоа и самите, погледнете го видеото кое ќе ве остави без зборови…