1.250 – тоа е приближниот број рачно изработени цртежи кои го сочинуваат ова неверојатно музичко видео за германскиот продуцент на електронска музика, Ралф Хилденбеутел. Додека ја набљудувате танчарката која полека преминува од нежна во интензивна рутина, притоа зачувувајќи ја својата грациозност, вие едноставно нема да можете да ги тргнете очите од екранот. Во одредени моменти дури и ќе заборавите дека гледате цртежи, а не перформанс на вистински човек.