Пред овие танчари да започнат со својата аудиција, Хауард Стерн ќе им каже дека оваа година бараат нешто посебно, нешто досега невидено. И веднаш потоа ќе ги праша дали тие имаат да понудат нешто што спаѓа во овој критериум. Младите танчари со голема самодоверба ќе кажат дека нивната точка е неверојатна, а по само неколку секунди и ќе го докажат тоа.
Нивниот скромен режисер успеал да направи толку магична кореографија, проследена со неверојатни светлосни ефекти што дури ќе го натера Хауард да го притисне златното копче, праќајќи ги директно во шоуто во живо. Што се однесува до нас, ние едноставно не можеме да престанеме да го гледаме ова магично видео и едвај чекаме да видиме нешто повеќе од овој тим.