Презентерките на временската прогноза обично се згодни девојки кои го задржуваат вниманието на гледачите со нивната убавина. Сите сакаме да гледаме убави луѓе, но постои нешто што може да ги победи атрактивните убавици: Неодоливите дечиња. Замислете си да слушате како некое преслатко дете, кое сѐ уште оди во градинка, раскажува за влажноста на воздухот! Погледнете го најмладиот презентер на временска прогноза кој сигурно ќе ви ги освои срцата…