Сите со нетрпение ја очекуваме премиерата на најновата филмска верзија на добро познатата приказна „Убавицата и ѕверот“ со Ема Вотсон во главната улога. Во таа чест, 4-годишната Клер Рајан ја испеала песната „Tale As Old As Time“, но тука не станува збор за обична изведба. Целото семејство се вклучува во видеото за оваа песна, па така мајка ѝ и татко ѝ ги преземаат улогите на Бела и ѕверот. Погледнете ја оваа преслатка изведба која ќе ви го стопи срцето…