B-Art е професионален битбоксер од Холандија кој неодамна се соочил со најжестоката битка во неговиот живот против неговата преслатка внука која сѐ уште нема наполнето ниту една година. Сепак, мора да признаеме дека таа веќе ја има усовршено изведбата на некои интересни звуци. Според Интернет жирито, бебето е неоспорливиот победник во овој двобој кој се надеваме дека нема да предизвика непотребни тензии меѓу членовите во семејството. Погледнете ја оваа неодолива битбокс битка која ќе ве насмее до солзи…