Сигурно се сеќавате на хаската Мишка која стана вистински хит на Јутјуб пред повеќе од 5 години благодарение на нејзината способност да каже „I love you“ и други пократки реченици. Таа долго време ја носеше титулата на „кучето што зборува“, но сега изгледа се појави конкуренција!
Неодоливиот француски булдог, господин Марсел, изјавува љубов на неговата сопственичка со зборовите „Mom, I love you“ („Мамо, те сакам“) и тоа навистина изгледа неверојатно. Зар не е ова сонот на секој човек што чува куче? Погледнете ја неговата љубов во следново видео кое несомнено ќе ве разнежни…