На секоја свадба се случува оној волшебен момент кога младоженецот за прв пат ќе ја здогледа невестата како чекори кон олтарот. Станува збор за многу емотивен и значаен момент кој најчесто предизвикува солзи во очите кај идните сопружници и кај сите присутни. Но, невестата Елизабет Гарднер имала поинаква замисла за овој момент. Таа решила дека кај нејзиниот младоженец ќе предизвика солзи од смеа, а не од среќа.
Имено, оваа креативна невеста со одлична смисла за хумор решила да се појави облечена како тираносаурус! Погледнете ја извонредната реакција на младоженецот кога за прв пат ќе ја здогледа неговата сакана…