Кога Азаи Вилис го добил истиот подарок од различни луѓе за неговиот роденден, неговиот татко, Мики, решил да го одведе во продавницата за играчки со цел едниот да го смени. Но, на негово изненадување, Азаи одбрал кукла сирена. Што мислите, како тој реагирал?
Бидејќи станува збор за еден од најдобрите татковци на планетата, неговиот одговор е брилијантен. Тој вели:
„Да. Така се чувствувам… Им дозволувам на моите момчиња да го одбираат нивниот живот… Одберете ги вашите очекувања, одберете што сакате, одберете ја вашата сексуалност, одберете што било. И го имате моето ветување, уште од сега, за двајцата, додека седиме во овој топол автомобил на паркинг, го имате моето ветување дека ќе ве сакам и прифаќам без разлика каде ќе ве одведе животот.“