Овие брилијантни постери се дел од кампањата на „Terre Des Femmes“, организација од Швајцарија која се бави со заштита на човекови права и особено се фокусира на рамноправноста на половите. Таа нè потсетува дека на жената не треба да ѝ се суди според начинот на кој се облекува.
Луѓето често знаат да користат погрдни зборови за жените без разлика на кој начин се облекуваат, а оваа кампања фрла светло токму на апсурдноста на тие етикети кои им се лепат. Зборовите кои овде се употребени се prude (калуѓерка), old fashioned (старомодна), bore (здодевна), tease (провокативна), cheeky (безобразна), asking for it (си го бара), slut (ороспија) и whore (ку*ва). Овие зборови секојдневно некој ги помислува или изговара против жените кои се облечени на ваков или онаков начин, но кампањата креирана од Тереза Влока и група студенти покажува колку е тоа неправедно кон нив.