Општото мислење е дека мајките поминуваат повеќе време со новороденчињата, бидејќи тие ги хранат, бањаат, заспиваат и им менуваат пелени. Не станува збор за тоа дека мажите не можат да ги прават овие работи, туку се верува дека жените се едноставно подобри во тоа. Сепак, времињата се менуваат и денес не важат повеќе тие машко-женски улоги во семејството. Татковците сѐ повеќе помагаат околу грижата на децата и домот. Но, дали се подобри во тоа од мајките? Овој натпревар во менување пелени можеби ќе ви го даде одговорот на тоа прашање. Погледнете го следново забавно видео и дознајте кој ќе победи во овој интересен предизвик…