Деновите поминати во училишните клупи сигурно ви биле исполнети со многу смеа и шеги на кои секогаш со задоволство ќе се сеќавате. Но, она што не ви останало во добро сеќавање е веројатно решавањето математички задачи на табла. Кој може да го заборави чувството на страв кога ќе го слушневте вашето име и ќе требаше да излезете на табла иако воопшто не сте ја разбирале математиката?!
Меѓутоа, тоа не е случајот на овој час по математика. Децата пеат, играат и со задоволство ги решаваат задачите. Во училницата владее таква позитивна атмосфера што сигурно и вие би посакале да бидете дел од неа. Погледнете го овој возбудлив час кој ја открива забавната страна на математиката…