Музичарите и научниците се собрале за да направат ремек-дело кое звучи предобро за да биде вистинито. Тие ја направиле најсреќната божиќна песна. Музикологот Џо Бенет проучил 200 познати песни, од кои 78 биле божиќни. Тој сфатил дека песните кои нè потсетуваат на Божиќ нè прават среќни. Па, следејќи го неговото истражување тој, Хариет Грин и Стив Андерсон ја создале песната наречена „Love’s Not Just For Christmas“. Дали ви се допаѓа?