Нијам Хадсон си играл во паркот кога едно момче почнало да го исмева затоа што немал модерни патики. Мудриот 10-годишник не дозволил тоа да го вонземири, па му одржал лекција на детето, а потоа сето тоа го опишал во видео, кое стана вистински хит на Интернет.
„Јас не сум материјалист. Ги носам моите патики затоа што ми се допаѓа нивната боја и мислам дека се кул. Можеби не се најмодерни, но мене ми се допаѓаат. Му кажав на момчето дека не е важно што имам на нозете, туку што имам во главата. Патиките кои сега ги носите нема да ви бидат точни за 20 години. Поради тоа, важно е она што носите во вашиот ум. Вашата мудрост. Вашето знаење, моќ да ги инспирирате другите. Родители, ве молам не ги воспитувајте вашите деца како материјалисти, бидејќи ќе се чувствуваат неважно доколку немаат кул патики и облека. Ќе мислат дека им треба злато или други кул работи за да бидат важни“, одговорил малиот Нијам и предизвикал позитивни реакции од луѓето ширум светот.
Во продолжение погледнете го видеото во кое Нијам на инспиративен начин ја опишува оваа случка која ќе ве натера на размислување…