Корисникот на Редит senekafalls направил нешто многу кул со задниот бришач на неговата кола – го претворил во раката на Николас Кејџ. Во комбинација со паметно залепената налепница од неговиот лик, секогаш кога тој ќе го вклучи бришачот, изгледа како Кејџ да ги поздравува возачите одзади, мавтајќи им со раката. Ако се прашувате како тој гледа низ стаклото, одговорот лежи во специјалната налепница која има 70/30 транспарентност, така што од внатре обезбедува соодветна видливост.