Во музичкото видео за „Knock Knock од украинскиот рок бенд „Brunettes Shoot Blondes“ ќе видите машко зајак (маскотата на бендот) како трча кон својата љубов преминувајќи 14 различни екрани на Епл. Видеото е снимено одеднаш како меѓусебна игра од гаџети на кои се прикажуваат различни анимирани секвенци, синхронизирани во реално време. Идејата е на членовите на бендот. Креативно, забавно, емотивно, волшебно… Вистинско уживање во 2 минути и 20 секунди.