На 6 мај 2014, Алиса Сизмор ја изгубила својата десна нога откако била прегазена од камион. Штетата од несреќата била голема, па морале да ѝ ја ампутираат ногата над коленото, така менувајќи ѝ го животот каков што го знаела. Со поддршката од семејството и заедницата, Алиса заздравела и добила протетичка нога, но и му се вратила на танцувањето. Видеото ја прикажува нејзината прва проба после несреќата, и како што можеме да видиме, таа навистина го обожава она што го прави.
„Беше многу тешко кога ја изгубив ногата, бидејќи многу сакам музика и танцување. Сите дојдоа да ме натераат повторно да играм. Сите наставници ми помогна и знаев дека нема шанси да се откажам. Ги сакам моите наставници и обожавам што можам повторно да танцувам“, вели Алиса.
Колку инспиративно!