Група момчиња за првпат се среќаваат со Мартина. Од нив се бара да кажат што им се допаѓа кај неа. Потоа им кажуваат да ја погалат и да ѝ прават смешни фаци, а на крај и да ѝ плеснат шамар.
Што се случува понатаму? Погледнете сами. Видеото е продуцирано од италијанската новинска агенција Fanpage.it и има цел да покаже како децата реагираат на насилство кон жените. Овие млади џентлмени нè прават горди. Да се надеваме дека никогаш нема да се променат.