Што можете да направите ако сте повеќе од 5 луѓе, сите треба да одите на работа, а имате само еден автомобил? Решението е едноставно: Ќе се снајдете и ќе се пикнете во секое можно просторче во автомобилот. Просто неверојатно е колку луѓе излегуваат од овој автомобил! Нормално дека не ви препорачуваме ова да го практикувате, но сепак мора да признаеме дека ова се или најснаодливите луѓе што постојат на планетава или станува збор за некаков магичен трик. Погледнете го видеото и обидете се да изброите колку луѓе успеале да влезат во автомобилот…