Мотоциклистот Зим Килгор, смислил сосема нов и досега невиден трик кој е комбинација помеѓу акција со голема брзина и навлегување во приватниот простор на непознати луѓе кои се опуштаат. Ова видео е снимено од перспектива на мотоциклистот, каде што снимката забавува во моментот кога тој се приближува до чорапите излезени низ прозорот на еден автомобил. Токму затоа следен пат кога ќе посакате да ги изнесете вашите стапала со шарени чорапи низ прозор, потсетете се дека на мотоциклистите не им се потребни двете раце за да управуваат и дека не можат да одолеат на нешто разнобојно на патот.