Кога станува збор за маскенбал, луѓето во себе наоѓаат креативност која не ни знаеле дека ја поседуваат. Особено за ноќта на вештерките, каде главната цел се морничави и застрашувачки маски создадени со цел да ги исплашат сите оние кои ќе налетаат на нив. Токму тоа и била целта на оваа девојка која ја смислила можеби најсовршено морничавата маска досега. Всушност, крајниот резултат е толку збунувачки што големи се шансите дека вашите очи нема да знаат кон што да се насочат, предизвикувајќи ви главоболка. Неверојатно!