Од моментот кога тестот за бременост ќе покаже позитивен резултат, па сѐ до раѓањето на детето, чувствуваме возбуда, среќа, радост, имаме очекувања… Но, сликата сосема се менува кога новиот член ќе дојде на свет. Сепак, радоста и чувството на исполнетост не престануваат, тоа се најголемите вредности кон кои секој треба да се стреми и најблагородното искуство кое може да се доживее. Ова видео совршено го прикажува тоа. Рекламата е за Кока-кола лајф, а музичката подлога со песната „To Love Somebody“ од Биџис е просто совршено вклопена.