И покрај тоа што е роден со инвалидитет, односно недоразвиени дланки, 15-годишниот Алексеј Романов од Казан, Русија нема никаков проблем да свири на клавир. Тој ја засакал музиката и започнал да се занимава со неа пред една година и веќе станал локална ѕвезда во неговиот град. Неговите пријатели, познаници и сограѓани едвај чекаат да видат како Алексеј ќе го развива неговото ново хоби и ќе фасцинира со својот музички талент.