Вистинските зависници од благо веројатно немаат време да размислуваат за правилниот начин на сечење торта пред да навалат на парчето поголемо од чинијата, но ете да речеме дека има и такви кои можат да се воздржат и за кои видеово би било навистина корисно. Станува збор за научен метод стар 100 години со чија помош тортата нема да се суши по краевите и по неколку дена поминати во фрижидер останува мека и сочна во внатрешноста (ако некому му се случило да остане подолго од еден ден).