Метју Меконахи го промовирал својот нов филм „The Beach Bum“ кај Џими Кимел. Во филмот тој глуми човек наречен Мундог кој помеѓу другите нешта е и ентузијаст за марихуана. Од тука и му дошла идејата на Кимел да го прати Меконахи „маскиран“ во својот карактер и да им нуди на случајни минувачи храна која наводно има канабис за да ги види нивните реакции. Храната, секако, била сосема обична. Но, реакциите на луѓето биле сè освен обични!