Со текот на годините општеството поставило одредени стандарди за убавината на жените кои полека почнуваат да еволуираат. Благодарение на луѓето кои се борат против овие стандарди, како оваа мејкап артистка, се шири моќна порака дека убавината не е поврзана со надворешниот изглед, туку со внатрешноста.
Шалон Блек била изгорена во несреќа со жешко масло која се случила во нејзината семејна продавница во Нигерија. Нејзиното тело и лице се прекриени со лузни од изгореници, но таа го нашла совршениот начин како да ги инспирира луѓето да се сакаат. Нејзините битки со начинот на кој изгледа го трансформирале нејзиното искуство со убавината и ѝ помогнале да научи важна лекција која сега ја споделува со другите. Погледнете што има таа да каже за убавината.