Ова е можеби најдобрата божиќна реклама која ќе ја изгледате. Рекламата е на аеродромот Хитроу во Лондон, а главни ликови се две мали кадифени мечиња. Во рекламата е раскажана љубовната приказна на двете мечиња која почнала во 1967 година. Женското мече е стјуардеса, па навистина им е тешко да ја одржат нивната врска на далечина. Но приказната има навистина среќен крај кој сигурно ќе ве стопи.