Ова интересно истражување е направено од страна на професионалната шминкерка Кенди Џонсон која одлучила да покаже како жената би изгледала кога би била нашминкана според вкусот на мажот.
Дали вие некогаш сте се запрашале како би изгледале доколку се нашминкате според советите и вкусот на мажите?
Познато е дека нападната шминка е одбивна за многу мажи и дека тие често се жалат што пудрата од лицето на жените им останува на нивната облека, па затоа Кенди Џонсон одлучила да направи мало истражување и да ни покаже како припадничките на понежниот пол би биле нашминкани кога мажите би одлучувале како тоа треба да изгледа.
Таа собрала неколку парови и желбите на посилниот пол ги спровела на дело. Мажите одредувале бои, стил и јачина на шминката, а Џонсон сето тоа го спровела на лицата на жените.