Станува збор за видео во кое мажи бакнуваат други мажи. Оние луѓе кои имаат проблем со ова, големи се шансите дека ќе престанат да гледаат во првите неколку секунди и дека потоа ќе остават негативен коментар под видеото. Но, оние кои ќе продолжат да гледаат, ќе сфатат дека ова видео е многу повеќе од тоа и дека постои со една и единствена цел – да се соберат пари за жртвите во Орландо и да се пренесе моќна порака.
Ако и вие продолжите да гледате понатаму, ќе сфатите дека секој негативен и хомофобичен коментар носи по 1 долар за добра цел. Токму затоа и ако ѕирнете под видеото ќе видите многу лоши коментари, од кои повеќето, интересно, но се напишани со добра намера. Има и вистински негативни коментари, секако, тоа била и замислата зад ова видео, но повеќето се од луѓе кои само сакаат да помогнат и го прават тоа на интересни и креативни начини. Тоа ни покажува дека сè уште постои добрина во интернет светот, како и многу луѓе кои без размислување помагаат тогаш кога е навистина потребно.
Па, ако и вие сакате да помогнете, отворете го видеото на Јутјуб и оставете креативен коментар под него. Сигурни сме дека лесно ќе се инспирирате од илјадниците кои веќе ги има…